АктуелноБоксОстанато

Мајк Тајсон е импресиониран од Конор Мек Грегор: Енергија има насекаде

Мајк Тајсон многу е импресиониран по неодамнешна средба со Конор Мек Грегор во Ирска. Боксерската легенда зборуваше за искуството во шоуто на Пол Кастроново откако двајцата се сретнаа во барот на Мек Грегор во Даблин, Белк форџ инн.

Тајсон рече дека поранешниот двократен шампион на УФЦ го пречекал на вечера и со ентузијазам му ги покажал боксерските движења, импресионирајќи го со својата извонредна харизма и енергија.

„Овој човек е неверојатен. Ретко среќавате некого со толку многу енергија – дури и во веѓите“, рече Тајсон.

Мек Грегор не се борел од јули 2021 година, кога доживеа сериозна повреда во борбата со Дастин Пориер. Неговото планирано враќање во 2024 година е одложено поради нова повреда.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON