
Џудистите „Дрим“ се враќаат со шест медали од меѓународен новогодишен џудо турнир во Цеље, Словенија.
„Дрим забележа исклучително успешен настап на силниот меѓународен турнир во Цеље, Словенија, каде што младите натпреварувачи прикажаа врвно џудо и освоија вкупно шест медали“, велат од клубот.
Медалите ги освоија:
Амар Бајрамоски – злато
Елеонора Јосифоска – злато
Доријан Петковски – сребро
Енил Ајдиноски– сребро
Мила Стојмиловска – бронза
Давид Спироски – бронза
Клубот упатува посебна благодарност до Субија Тајроски, македонски бизнисмен кој живее и работи во Словенија, за неговата континуирана и несебична поддршка кон младите спортисти од Струга. Човек кој долги години го помага спортот, но и на секој кој навистина му е потребно.



