
На меѓународниот турнир во борење во Ниспорен, Молдавија, натпреварувачите на Шкупи се соочија со најдобрите европски борачи, остварувајќи златен и сребрен медал.
Абдулазиз Азизи освои златен медал, совладајќи го украинскиот натпреварувач, Јусуф Заими сребрен медал, кој во финалето загуби од Молдавец, додека Харун Мемеди заврши на 5-тото место.

Тимот го предводеа тренерите Бунјамин Ебипи и Јасин Реџалари.



