Жарко Арсовски: Џем Пашов покажа карактер на иден шампион! Во иднина очекуваме сениорски медал од него

Тренерите на КК Штип Жарко и Сашко Арсовски се задоволни од освоениот медал на Џем Пашов на Карате 1 Младинската лига во Венеција, Италија.

„Џем Пашов забележа пет победи и еден пораз во еден здив. Во првата борба извојува победа над каратист од Норвешка,потоа следеа победи над натпреварувачи од Словачка, од Унгарија, од БиХ, во полуфиналето беше поразен од француски каратист, а борба за трето место е најомилената победа над каратист од Грција. Јас и брат ми сме презадоволни од овој голем успех, каде беа собрани најдобрите млади каратисти од цел свет, а Џем покажа карактер на иден шампион. Ова за е само почеток. Од него во иднина ќе очекуваме сениорски медал. Воедно, сакаме да му го честитаме златниот медал на Иса Елмази. Овие двајца каратисти се единствени медалисти од сите претставници од Македонија, каде имаше во поголем број каратисти“, вели Жарко кој беше во Венеција.
На Младинската лига ќе настапат 3329 каратисти со 3378 натпреварувачки влезови од 83 држави.

Кадети
-70 кг
Џем Пашов – Ханс Виксјо (Норвешка) 7-0
Џем Пашов – Милан Фолтин (Словачка) 4-3
Џем Пашов – Балинт Илеш Петер (Грција) 5-4
Полуфинале
Џем Пашов – Јусуф Цисохо (Франција) 2-5
За бронза
Џем Пашов – Василиос Перис (Грција) 2-0



