АктуелноКаратеСветски првенства
Ангела Мојсовска забележа две победи во групната фаза на Светското карате првенство

Ангела Мојсовска забележа две победи и пораз во групната фаза на Светското карате првенство за сениори во Каиро, Египет.
Со овој биланс Мојсовска е втора во 7 група се пласира во осминафиналето. Првото место го освои Хадир Хенди од Египет, на трето и четврто место се претставничките на Украина и САД.
Следна противничка на Мојсовска е Анастасија Велозо од Чиле.
Вчера Фахик Весели не ги продолжи натпреварите.
На шампионатот учествуваат 384 натпреварувачи од 88 држави.
Светско првенство:
-68 кг – 7 група
Ангела Мојсовска – Скајлар Лингл (САД) 3-2
Ангела Мојсовска – Хадир Хенди (Египет) 0-10
Ангела Мојсовска – Елина Сиелиемиениева (Украина) 5-4
Осминафинале
Ангела Мојсовска – Анастасија Велозо (Чиле)



