АктуелноДомашна сценаКик бокс

Претседателот на КМФМ и селектор Дејан Митровски ги демантира обвинувањата од КБК Самурај: Поединци со месеци упорно се обидуваат да нарушат нешто што е градено со години

Деновиве Кик бокс клубот Самурај од Битола испрати соопштение до јавноста во кое реагира на одлуката на Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија (КМФМ) и на изборот на македонскиот селектор Дејан Митровски, на претстојното Светско првенство што ќе се одрќи од 21 до 30 ноември во Абу Даби, Македонија да настапи само со машки тим, без ниедна претставничка во женска конкуренција. Од битолскиот тим потенцираат дека во Македонија има кикбоксерки кои имаат резултати за настап на СП и дека ваквата одлука на селекторот претставува дискриминација на жените во кикбоксот, објави Екипа.мк.

На ова регаираше претседателот КМФМ и селектор, Дејан Митровски – Урко.

„Не планирав да реагирам на поединци кои со месеци упорно се обидуваат да нарушат нешто што со години, со огромен труд и професионален ангажман е градено во нашиот спорт. Сепак, кога во јавноста со намерни неточности и манипулации се создава погрешна слика за работата на федерацијата, должни сме да одговориме јасно и недвосмислено“, вели Митровски и додава:

„Сакам да појаснам дека нарачателот на претходниот текст со соопштение во кое се наведува за наводна дискриминација при изборот на репрезентативниот состав на КМФМ за претстојното Светско сениорксо првенство е човек кој раководи со фамилијарен клуб кој со години ја турка својата ќерка „на мала врата“ служејќи се со интриги. Оваа објава сметаме дека е тенденциозна од причина што тој и неговиот клуб сметаат дека токму нивната ќерка требаше и оваа година да се најде во репрезентативниот состав. Истото се случи и минатата година на Европското сениорско првенство во Атина, каде ворепрезентација беше избрано друго девојче, но на нивно инсистирање и ургирање во составот на репрезентацијата беше додадена и нивната ќерка. Иако според нашата проценка таа не беше доволно подготвена за учество на европско првенство, сепак на ургирањето на родителите тренери одговоривме позитивно и се сложивме да ја приклучиме во тимот со цел тоа да и даде иден стимул за подобар тренинг и мотив да се подобри и да забележи подобри резултати. Очигледно е дека родителите-тренери сметале дека и оваа година, со сличен притисок, ќе го постигнат истото. Па затоа, сега преку медиуми, се обидуваат да издејствуваат повторно притисок за попуштање и нивната ќерка и оваа година да оди на Светското првенство; при тоа служејќи се со подла злоупотреба и обвинувања за родова нееднаквост и наводна измислена дискриминација на жените во спортот. Сакам да истакнам дека првенствено веќе е предоцна за реализација на ваква намера и обиди за реализација бидејќи репрезентацијата е формирана одамна и во нејзин состав влегоа  најуспешните натпреварувачи според резултати. Подготовките се во тек, а изборот е направен исклучиво врз основа на учество и успех на реномирани меѓународни турнири – 11 оваа година и актите на федерацијата. Нашите избрани репрезентативци се бореа со рангирани и квалитетни борци од други земји, кои се нивни потенцијални противници на претстојното Светско првенство и сите се државни прваци. За разлика од тоа, нивната ќерка јаријавуваат на турнири солабава конкуренција и таму употребуваат сопствено влијание за да обезбедат некој медал и нејзина победа. Да напоменам: и оваа година, на Националното првенство во февруари, нивната ќерка ја изгуби борбата од девојче со едвај пет борби во кариерата. Па затоа ја водат илјадници километри на турнири без квалитет, само за да направи некаков резултат“.

Понатаму во одговорот Митровски вели

„И уште нешто што јавноста треба да го знае. Кога веќе родителите-тренери одлучија јавно и мизерно да ја манипулираат јавноста со невистини, еве да покажам како нивниот фамилијарен клуб се служи со интриги и невистини. По Балканскиот куп воТешањ, Босна и Херцеговина (24–25 октомври годинава), во Федерацијата, на медиумите и социјалните мрежи пласираа објави дека нивната ќерка освоила два златни медали, а клубот четири (https://pelanet.mk/?p=78259). Вистината е дека нивниот клуб освои само еден златен медал и тоа од друго девојче, додека нивната ќерка и уште една спортистка од клуботи покрај тоа што немале борба, пласираа јавна информација дека освоиле медали.

Како доказ постои официјален извештај од Спортдата (Sportdata.org) и од организаторот на турнирот во кој јасно е наведено дека нивната ќерка и другата натпреварувачка воопшто не се бореле, а непак да освоиле медали.

Со тоа се обиделе да подметнат три „златни“ медали, од кои две занивната ќерка. Со вакви обиди за лажирање спортски резултати – што не им е првпат – свесно прават штета на системот за рангирањето во федерацијата. Бодовите се добиваат врз основа на реално освоени медали, а ваквите постапки, ако не се забележат навреме, директно ги оштетуваат другите спортисти и клубови и ја нарушува табелата за рангирање на спортистите и клубовите и табелата на успех. Таквото однесување не е родителско, не е спортско и не е фер кон сите останати клубови и натпреварувачи.

Дополнително, мајката-тренер на спортистката се наоѓа на висока позиција во Министерството за спорт и е член во Комисијата за родова еднаквост при Македонскиот олимписки комитет. Со оглед на таа функција, недозволиво и несоодветно е да се поддржуваат, пласираат или споделуваат во јавноста и на социјалните мрежи какви било неточни информации, манипулации или обвинувања насочени кон федерацијата, особено само за да се извојува лична корист. Ваквото однесување не е во согласност ниту со професионалните стандарди, ниту со позицијата која подразбира објективност, интегритет и одговорност.

Во нивната објава се тврди дека Министерството наводно секоја година доделувало средства за поттикнување на женскиот спорт и дека федерацијата вршела дискриминација затоа што годинава нема женски репрезентативец за ова првенство, поточно нивната ќерка.

Јас јавно и одговорно истакнувам дека федерацијата нема добиено никакви средства со таква намена, ниту пак нашите одлуки некогаш се темелеле на полова основа.

Спротивно од тврдењата за дискриминација, федерацијата доследно се раководи од полова рамноправност и еднакви можности, но исклучиво во рамки на спортските критериуми. Во нашата работа единствени релевантни параметри се: резултатите, формата, подготовката и исполнетите услови – а не полот или верата на спортистот.

Кога постојат спортистки кои ги исполнуваат пропишаните услови, тие секогаш се селектирани и поддржани. Оваа година, едноставно, немаше женски кандидат кој ги исполни стандардите за избор, што е спортски факт, а недискриминациска одлука.

Годинава иако немавме доволно финансиски средства во споредба со програмата и планот за реализација, сепак имаме формирани репрезентации и реализирано настапи на дури 11 меѓународни турнири, организирано едно Национално првенство и освоени многубројни медали.

Лажирањето резултати и пласирањето неточни информации во јавноста, меѓу клубовите и обвинувања кон раководството на федерацијата е недозволиво и подлежи на дисциплинска одговорност.

За ова е известена Дисциплинската комисија на нашата федерација, која ќе се произнесе по одржувањето на нејзината седница“.

Соопшнеието на Самурај

Во соопштението се наведува дека „од 14 до 16 Ноември, во Загорје об Сави, во Словенија, се одржа 39.Европски куп „Словенија Опен“, на кој учествуваа 8 држави со 95 клубови, со над 500 натпреварувачи со 711 влезови.

„Единствен претставник од нашата држава беше кикбоксерката Леа Бошевска, од Кик бокс клубот КБК Самурај од Битола. Леа настапи во две дисциплини, и тоа во Лајт контакт, каде освои сребрен медал, а веднаш потоа во дисциплината Кик лајт – 50 килограми во сениорска конкуренција во која освои злато со два извонредни настапи во кои прво ја победи противничката од Словенија, за во  финале да ја совлада и натпреварувачката од Унгарија.

Леа имаше вкупно три борби, во кои убедливо доминираше, со што ја подигна целата публика во преполната спортска сала, при што освои златен медал и пехар за Македонија.

Тренерите на КБК Самурај, презадоволни од подготвеноста и натпреварувачката форма на Леа, истакнуваат дека тука нема застанување, бидејќи следува настапот на Балкански куп во Ниш од 12 до 14 декември, каде Кикбокс клубот Самурај ке настапи со поголем број на натпреварувачи.

Со оглед на горенаведеното, јасно е дека Леа Бошевска е една од најдобрите кикбоксерки во Македонија во сениорска конкуренција, меѓутоа селекторот Дејан Митровски –  Урко, кој воедно е и претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, одлучи на светското првенство кое ќе се одржи од 21 до 30 ноември во Абу Даби, да отпатува со осум кикбоксери, без нити една кикбоксерка, со што направи целосна дискриминација на жените во кикбоксот.

Само за напомена, секоја година кикбокс маитаи федерацијата на Македонија добива финансиска помош за развој на женскиот спорт, поточно за поддршка на жени во кикбоксот. Поради кои причини, селекторот, кој воедно е и претседател на КМФМ се одлучи на ваков чекор, дискриминирајќи ја целата женска популација во спортот, посебно во кик боксот, останува тој јавно да се произнесе.

Ние како тренери и клубови од Македонија, а и целата македонска јавност, како и сите организации кои се бават со развој на женскиот спорт, заслужуваме одговор“, истакнуваат од КБК Самурај.

(Овој став го изразува личното мислење на авторoт и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON