Домашна сценаДомашна сценаКаратеЏудо

Благодарница за Горан Антевски од јапонското МНР-член на УО на ЏФМ и помагач на боречките спортови

Бизнисменот Горан Антевски, инаку член на Управниот одбор на Џудо федерацијата на Македонија и помагач на боречките спортови, вчера му беше врачена благодарница од министерот за надворешни работи на Јапонија Иваја Такеши.

„Вложивте големи напори во унапредувањето на односите помеѓу Јапонија и Македонија. Вашите извонредни достигнувања дадо значителен придонес за пријателството и добрата волја помеѓу нашата земја и светот. Со ова признание Ви изразуваме благодарност и најдлабоко почитување“, се вели во објаснувањето на минситерот Такеши, потпишано на 5 септември.

Во 2025 година министерот Такеши додели 173 благодарници на поединци и 58 на организации, вкупно 231.

Антевски е единстевниот Македонец што добил благодарница од првиот човек на јапонското МНР.

На овој свечен чин и членовите на Македонско-јапонското друштво за пријателство Елвир Куртановиќ, првиот освојувач на златен медал за независна Македонија, Јован Лазарев, тренер на КК Цветан Димов и поранешен претседател на Карате федерацијата на Македонија и Владимир Трпаноски, претседател на Џудо федерацијата на Македонија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON