АктуелноМеѓународна сценаММА

Ислам Махачев: Ќе ја бранам титулата во полусредна категорија уште многу, многу пати

Ерата на Ислам Махачев започна и во полусредна категорија.

Русинот (28-1) го освои второто злато од дивизијата откако доминираше и го симна од тронот Џек Дела Мадалена на главниот настан на УФЦ 322 во Медисон сквер гарден.

По нагласената победа со едногласна одлука, Махачев изјави дека има намера уште долго да владее во својата нова категорија.

„Ова е најконкурентната дивизија во моментов. Сите го сакаат мојот појас – Камару, Топурија, денешните победници… Но, нема да го дадам. Работев премногу за да станам двоен шампион. Се чувствувам неверојатно и ќе ја бранам титулата уште многу, многу пати”, изјави Махачев.

Русинот е импресиониран од начинот на кој се чувствува во полусредна категорија:

„Никогаш не сум се чувствувал вака – посилен, посигурен, побрз. Ги гледам сите удари, ги контролирам сите на земја. Нема враќање во лесна категорија“.

Веќе се редат можните кандидати:

Мајкл Моралес и Карлос Пратес блеснаа со нокаути на УФЦ 322, Јан Мачадо Гери наскоро ќе се соочи со Белал Мухамед, а во комбинација се и Камару Усман, Илја Топурија и Шавкат Рахмонов.

Дана Вајт дури изјави дека Махачев „се движи кон разговорите за ГОАТ“.

Самиот Ислам заклучи:

„Ова е најсреќниот ден во мојот живот. Мојот сон се оствари – двократен шампион во Медисон сквер гарден”.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON