
Македонското џудо постигна голем успех на Европскиот куп „Џудо-надежи“во Рига, Летонија, во конкуренција на 289 натпреварувачи од 20 земји. Емилија Паскоска (-44 кг) сезонава првпат освои златен медал по двете бронзи во Сараево (БиХ) и во Ѓер (Унгарија), а Виктор Трчков (-60 кг) се закити со бронза, што е негов прв медал на натпревар организиран од Европската џудо-унија (ЕЏУ).
Тие со одлични борби сe пласираа во финалниот блок. И двајцата се репрезентативци на Македонија, членови на Миоки од Скопје и беа единствените што ги бранеа боите на Македонија на ова натпреварување, предводени од тренерот Игор Паскоски.



