Вечерева професионален бокс меч во Прилеп: Даниел Мендес и Клариос Маличоудис (ВИДЕО)

Za Prilep fajt najt merewe anglicanec grk

Вечерва во Прилеп се одржува професионалниот бокс меч меѓу Даниел Мендес од Англија  и Клариос Маличоудис од Грција во ореганизација на „Про боксинг Македонија“ на настанот „Прилеп фајт најт“.

Prilep fajt najt site

Овој настан е за ограничен број на гледачи и покрај боксот ќе има кик бокс мечеви.

Како што не извести идејниот творец на манифестацијата, која с еодржува по 5-ти пат, Дарко Чатлески, прелиминарните лекарски прегледи и мерењето поминале во најдобар ред, така што вечерва може присутните ќе може да уживаат во еден голем меч. Боксерите на мерењето истакнале дека ќе дадат се од себе за да прилепчани гледаат квалитетен и професионален бокс меч.

„Моментално сум релаксиран, тренирав доста време и сум убеден во моите способности и тоа дека сум способен да победам. Благодарам на гостопримството тука во Прилеп и сум доста задоволен“, рече Даниел Мендес.

„Долго време се подготвував за овој натпревар и мислам дека сум подготвен. Ќе дадам се од себе и ќе се фокусирам само на мечот“, вели Клариос Маличоудис.

plakat za fajt najt dva

Претходно, пред главниот натпревар, ќе има и 7 други аматерски борби во бокс и кик бокс.

„Нашата организација „Про боксинг Македонија“ е полноправен член на Европската боксерска унија од 2013 година, од конгресот кој тогаш се одржа во Виена, и со тоа се здобивме со право во Македонија да организираме професионални боксерски натпревари. По завршувањето на овој натпревар, борбата се пријавува во светската ранг листа за професионален бокс“, истакна Чатлески.

Спектаклот започнува во 18 часот во спортската сала во средното училиште „Ѓорче Петров“.

 Мартин Алексоски и Александар Арсовски ќе имаат бокс меч во пионерска конкуренција, додека во сениорска конкуренција ќе се сретнат Ице Трајкоски и Александар Петров. Во кик бокс (лајт контакт) ќе има три борби и тоа: Бојан Станојоски- Божидар ДимитријевиќЕнвер Салиески – Христијан Митрескии Трајче Илиески – Давид Велкоски и  во лоу кик сениори Коста Боцкаровскиќе се бори против Кире Ралески.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО