АктуелноБоксДомашна сцена
Ален и Адријан Рустемовски ја предводат нашата репрезентација на „Златниот гонг“

На 54.Меѓународен боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје во сабота и недела нашата репрезентација ќе настапи со шест боксери, а ќе ги предводи европскиот вицешампио Ален Рустемовски, со третопласираниот од ЕП Адријан Рустемовски.
За Македонија ќе настапат:
60 кг
Ален Рустемовски
Адријан Рустемовски
Стефан Петрушевски
70 кг
Наум Стојаноски
75 кг
Енис Алиу
80 кг
Никола Кисковски
Борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во сабота е полуфиналето со почеток во 13 часот, а во недела финалето во 15 часот.
На турнирот се пријавени 46 боксери од 8 држави.



