Фабио Вордли: Усик е само човек, можам да го победам

По најголемата победа во неговата кариера минатата сабота против Џозеф Паркер, Фабио Вордли би можел да биде во игра за борба за светска титула против во 2026 година со неприкосновениот шампион во тешка категорија Александар Усик.
Вордли за Скај спортс изјави дека се надева оти борбата ќе продолжи и верува дека Усик ќе го одржи својот збор.
„Многу е едноставно – се надевам дека е човек од збор и дека борбата ќе продолжи. Знам дека тоа беше наложено од ВБО“, рече Вордли. „Не знам, тој или неговиот тим барем неодамна излегоа да кажат дека ја гледаат борбата и дека се подготвени да го прифатат предизвикот. Верувам дека е човек од збор, па се надевам дека во 2026 година ќе го видиме Усик“.
И Вордли (20-0-1, 19 нокаути) изрази почит кон Усик и неговата улога како фаворит во потенцијалната борба, но вели дека само верува во себе и во своите способности.
„Не можете да потцените колку е добар боксер и колку е талентиран, но на крајот на краиштата имам самодоверба. Не ме интересира кој е – во суштина тој е само човек од другата страна на рингот со две раце, исто како мене. Секој човек што ќе влезе во тој ринг со мене, можам да го победам“.
Британецот се соочи со сериозен предизвик во поранешниот претендент за светска титула Паркер, но успеа да го запре со импресивна победа што го катапултираше на светската ранг-листа и го направи задолжителен предизвикувач за титулата на ВБО.



