АктуелноМеѓународна сценаММА
Умар Нурмагомедов: Сакам да му се одмаздам на Мераб и да му нанесам болка

Поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија, Умар Нурмагомедов, изјави дека е желен за реванш против актуелниот шампион Мераб Двалишвили и не ги крие своите агресивни намери за евентуален реванш.
„Секако, сакам да му се одмаздам на Мераб и да го повредам. Навистина сакам да го удирам во лице сите пет рунди“, рече Нурмагомедов во објава на социјалната мрежа X, пренесе Ред корнер ММА.
Нивната прва борба се одржа на 18 јануари во Лос Анџелес (УФЦ 311) и траеше цели пет рунди, при што Двалишвили победи со едногласна одлука.



