АктуелноМеѓународна сценаММА

Махачев е подготвен да се бори со Топурија во Белата куќа

Една од најголемите ѕвезди на УФЦ, Ислам Махачев, се согласи да се бори против Илија Топурија во Белата куќа.

„Тој сака да се бори во Белата куќа, а и јас. Тоа би била голема борба за MMA. Луѓето го сакаат тоа, и ако УФЦ го сака, можеме да го оствариме тоа. Знам дека сметаат на голема борба во Белата куќа.

Која борба може да биде поголема од оваа“?, рече поранешниот шампион на УФЦ, Ислам Махачев.

Топурија, шампионот во лесна категорија, претходно изјави дека сака да се бори за трета титула во УФЦ на настанот во Белата куќа закажан за 14 јуни 2026 година. Илија, исто така, го држеше појасот во перо категорија од Феруари 2024 до февруари 2025 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON