Денес тројца каратисти настапија на квалификациите во Париз, но не обезбедија виза за СП

Денес на Светските квалификации во Париз за Светкото првенство во Каиро, Египет, од 27 до 30 ноември, настапија тројца каратисти, но не се вмешаа во борбата за места на СП.
На татамито излегоа Михаела Мишовска, Петар Заборски и Нуредин Дервиши. Поразот на Дервиши во третата изведба е сомнителен на штета на нашиот каратист. Мишовска имаше две нерешени борби, а Заборски стартуваше со нерешен резултат со фавритот Алзахрани од Саудиска Арабија, но во втората претрпе пораз, така што победата во третиот меч не му донесе висок пласман.
Очекуваме утре подобарнастап на нашите репрезентативци.
Ќе потсетиме дека Ангела Мојсовска обезбеди директен пласман на СП како седмопласирана на Светската ранг-листа на ВКФ.
На кавлификациите за место на СП ќе се борат 548 каратисти од 105 држави.
Резултати квалификации за СП во Париз:
-50 кг група 3
Михаела Мишовска – Ту Нигујен (Витенам) 1-5
Михаела Мишовска – Елизавета Григирева (ВКФ) 2-2
Михаела Мишовска – Јамина Лајнаса (Канада) 4-4
Четврта во групата
-75 кг 11 група
Петар Заборски – Султан Алзахрани (Саудиска Арабија) 0-0
Петар Заборски – Роман Рајсвих (Германија) 0-4
Петар Заборски – Алекс Будан (Романија) 3-2
Трет во гупата
Ката мажи
Нуредин Дервиши – Сенад Велаџиќ (БиХ) 37,70–36,80
Нуредин Дервиши – Варишан Бариков (ВКФ) 38,60-39,40
Нуредин Дервиши – Арка Банерје (Индија) 37,70-37,80
Трет во гупата.



