АктуелноБалкански првенстваТаеквондо

Сениорите Дарко Георгиев и Филип Блажевски освоија бронзи на Балканското таеквондо првенство, а пионерите се закитија со 11 одличја

Сениорите и пионерите ја продолжија успешната серија на освојување медали на Блаканското таеквондо првенство во Дупница, Бугарија, откако вчера кадетите и јуниорите собраа 13 медали. Денес сениорите освоија две бронзи, а пионерите се закитија со 11 медали – 2 златни, 4 сребрени и 5 бронзени.

Сениорски медали, бронзени, освоија Дарко Георгиев и Филип Блажевски, а пионерите Бојана Велковска  и Огнен Лазески станаа балкански шампиони.

Медалите ги освоија:

Сениори
Брозени
-74 кг Дарко Георгиев (Бутел)
+80 кг Филип Блажевски (Бутел)

Пионери А класа
Златни
+57 кг Бојана Велковска (Корио)
-33 кг Огнен Лазески (Силла)

Сребрени
+40 кг Ева Тасевска (Кобра)
-46 кг Давид Петковски (Младост)
-52 кг Јаков Трајковски – (ТЕ-Макс)
-25 кг Софија Оташевиќ (Корио)

Бронзени
-40 кг Ана Стојановиќ (Бутел)
-44 кг Сара Тодорова (Штип)
-25 кг Ана Оташевиќ (Корио)
-27 кг Марјан Јандриевиќ (Силла)
+57 кг Павел Басаров (Штип)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON