БорењеДомашна сцена

ИН МЕМОРИАМ: Гари Модосјан – борач на шампионската генерација на Бучим – Јака и репрезентативец на Македонија

На 11 октомври почина Гари Модосјан – борач на шампионската генерација на Бучим – Јака од Радовиш, односно европски клупски првак. Модосјан настапуваше и за репрезентацијата на Македонија

„Со длабока тага ја примивме веста за ненадејното заминување на Гари Модојсан, кој почина на 52-годишна возраст, во саботата на 11 октомври 2025 година“, пишува творецот на шампионската генерација на Бучим Јака, Ванчо Чифлиганец и нагласува:

„Гари беше долгогодишен член на Борачкиот клуб „Бучим – Јака“ од Радовиш и дел од легендарниот тим што стана Европски клупски шампион во 1995 година, како и учесник во Купот на европските шампиони во 1997 година. Во периодот од 1996 до 1999 година беше државен репрезентативец на Македонија, а во 1996 година ја доби и престижната награда „Македонски бисер“.

Во подоцнежните години, од 2010 до 2013 година, своето знаење и искуство го пренесе на помладите генерации како тренер на Борачкиот клуб „Бучим“ и селектор на македонската репрезентација.

Со огромна благодарност за неговиот придонес кон развојот на македонското борење и за сè што направи за Радовиш, изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство“.

Фото: Адора

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON