АктуелноСветски првенстваТаеквондо

Две победи на младиот Владимир Димитриевиќ на сениорското Светско таеквондо ИТФ првенство

На Светското првенство таеквондо на ИТФ во Јесоло, Италија, двајцата македонски натпреварувачи забележаа три победи – две извојува 18-годишниот Владимир Димитриевиќ, а една Божидар Димитриевиќ.

Владимир се натпреварауваше во сениори  18 -34 години во борби – 78  кг. Во неговата категорија имаше 31 натпреварувач, кои беа поделени во 8 групи. Божидар во сениори 18 -34 години во борби  -92  кг. Во неговата категорија имаше 17 натпреварувачи, кои беа поделени во 5 групи.

„Како и секое првенство, така и ова, нашите натпреварувачи покажаа одлични борби, носејќи се рамо до рамо со многу искусни светски, евроспки, азиски и други шампиони. Иако првпат излегуваат на Светско првенство како сениори, релативно млади, постигнаа вкупно три победи. Божидар Димитиревиќ  во неговата група извојува една победа над натпреварувач од Монголија, а загуби две од репрезентативци на Бугарија и Грција. Владимир Димитириевиќ кој пред еден месец наполни 18 години и за него ова беше прво Светско првенство, извојува две победи во групата над Норвежанец и Аргентинец, додека со противникот од Русија изгуби со тесна разлика, и за жал, не отиде во четвртфинале, додека претстваникот од Русија се закити со бронзен медал.                   Владимир Димитриевиќ кој оваа година се закити со бронзен медал од Европското првенство во Талин, Естонија, во категорија јуниори 16-17 години, продоложува да испишува историја во спортот како најмлад натпреварувач во сениорска конкуренција, со две победи на Светско првенство“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.

На СП настапија 2500 натпреварувачи од 74 земји.

„Секој тренер, секој селектор би се гордеел да има натпреварувачи, кои, иако од мала земја, не се аутсајдери и прават да се гордееме со нивните настапи со нивните победи, кои гродо и достоинствено ја претставија Македонија на ова Светско првенство“, истакнува Лазаревски.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON