Шест победи за македонските ММА натпреварувачи на ГФЦ 11 во Врање

Македонските клубови направија вистински подвиг на престижниот ММА турнир ГФЦ 11 во Врање, Србија, извојувајќи шест победи.
Нинџицу Битола настапи со петмина 5 борци, а ММА Протектор- Долчино со еден кои заедно испишаа историја.
Ннајимпресивно од сè е што сите шест победи дојдоа во првата рунда со завршници.
„Нашите борци уште еднаш покажаа дека Македонија има храбри, дисциплинирани и подготвени ММА борци кои чекорат кон европскиот врв“, нагласува тренерот Сашко Мирчевски.
Резултати ГФЦ 11:
Полупрофесионални
70 кг Кирил Стефановски – Лазар Љубиќ – победа со ТКО Р1
77 кг Ѓорги Таневски – Давид Врачевиќ – победа со завршница (гушење одзади) Р1
70 кг Трајче Мицевски – Андреј Маневски – победа со ТКО Р1
73 кг Дарио Настовски – Алекса Сич – победа со завршница
Профеисонални
66 кг Игор Додевски – Војо Катановиќ победа со завршница (гушење одзади) Р1
77 кг Филип Бозиновски – Јован Кандиќ – победа со ТКО Р1



