АктуелноДруги вештиниКендо

Седум медали за кендоките на Охрид и Јошин на „Србија опен“

Кендо клубовите Охрид и Јошин учествуваа на големиот интернационален турнир Србија опен 2025, кој е продолжение на серијата турнири Белградски трофеј кој датира од 2005 година, освоија седум медали. Посебна тежина има бронзениот медал на мешаниот тим на Охрид и Јошин во сениорска конкуренција бидејќи е извојуван во силна конкуренција.

Во конкуренција од 200 натпреварувачи постигнати се следните резултати:

Пионери 8-12 год.
Марко Петрески-Охрид 2-ро место
Меланија Крстевска-Јошин 3-то место

Кадети 13-15 год.
Димитар Крстевски-Јошин 3-то место
Матеј Илиоски-Јошин 3-то место

Девојки 9-17 год.
Меланија Крстевска Јошин 3-то место
Јована Андоноска Јошин 3-то место (мораше да го предаде мечот поради повреда на рамото).

Во категорија КЈУ (ученички степени) во која учествуваат сите од 14 години нагоре Гордан Чоланчевски ја доби наградата борбен дух.

Сениорките Атанасовска и Лазаровска се покажаа добро, но беа елиминирани во 1/8 и 1/4 финалните мечеви.

Во машка конкуренција сите сениори поминаа групна фаза но подоцна беа елиминирани.

„Во конкуренција од 32 екипи меѓу кои имаше комплетни национални состави на Србија, Бугарија, Унгарија, Чешка, Руската Федерација и мешани тимови од повеќе европски земји мешаниот состав на Јошин и Охрид (Александар Петрески, Глигор Дубровски, Андреј Александров, Дарко Велковски, Владимир Пешков и Андреј Атанасовски) стигна до полуфинале со што се закити со бронзен медал.

По победите над Бугарија микс, Србија микс, Татсу (Србија), Русија 2 тим, Србија ита микс, нашиот состав беше елиминиран од шампионот Русија.

Ова е одличен успех за македонското кендо кој е прв турнир во новата сезона“, велат од Кендо федерацијата.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON