Александар Усик порача против кого сака да се бори: Ќе те чекам

Непоразениот украински борец Александар Усик е неприкосновен шампион во тешка категорија. Последен пат се бореше во јули кога во петтата рунда го нокаутира Британецот Даниел Дубоа и ја врати титулата на ИБФ.
Со таа победа Усик стана апсолутен шампион на кралската дивизија по втор пат во ерата на четирите појаси. Првпат ги обедини титулите минатата година кога со поделена одлука го победи Тајсон Фјури.
По тој триумф се откажа од појасот на ИБФ за да договори реванш со „Џипси Кинг“. А Украинецот беше подобар од Фјури, кој се пензионира на почетокот на 2025 година, по реваншот.
Со оглед на тоа што сите четири светски титули се вратени во негова сопственост, одлуката на Усик за избор на следен противник се чека со големо внимание.
Се чинеше дека Џозеф Паркер беше тој, откако новозеландскиот тешкаш стана задолжителен предизвикувач на ВБО, а тој го потврди тоа со победи над врвните борци Дионтеј Вајлдер, Жилеј Жанг и Мартин Баколе.
Усик побара одложување на преговорите со Паркер поради повреда на грбот, а ВБО му дојде на помош. Новозеландецот немаше друг избор освен да бара нов противник.
Џозеф Паркер ќе се бори против британскиот борец Фабио Вордли на 25 октомври во лондонската О2 арена. Победникот од тој меч би можел да добие дуел со Украинецот.
А мислите на Усик се насочени кон сосема друг противник. Имено, Џејк Пол неодамна објави список на потенцијални противници, на кој беше вклучено и името на украинскиот великан.
Не е тајна дека поранешната ѕвезда на Дизни покажа интерес за ММА борба против Усик.
„Добар план, Џејк Пол. Но, не сум тука за да го освојам петтото место, тука сум за да бидам прв. Наскоро ќе го затворам поглавјето во боксот, а потоа ќе те чекам во октагонот. Сакам да видам дали имаш храброст или само сакаш многу да зборуваш“, рече Александар Усик.
Неколку пати се зборуваше за потенцијален ММА меч меѓу Усик и Пол, а тие првпат се сретнаа во јули по мечот во кој Украинецот го победи Дубоа.
А Пол засега има и други обврски. Во ноември ќе има егзибициски меч против шампионот на ВБА во лесна категорија, Џервонта Дејвис.



