
Милијана-Мила Рељиќ освои бронзен медал на Полска Г-1 опен во Варшава.
Нашата најдобра таеквондистка во првото коло ја победи Аида Митровиќ од Австрија со 2-0 во рунди.
Во четвртфиналето во многу тесна борба Мила ја победи Хелена Кичема од Хрватска со 2-1 во рунди и со тесен резултат во решавачката 3 рунда од 7:6. Во меѓусебните пресметки со Кичема скорот е 4-1 за Мила. Во полуфиналната борба Рељиќ е сопрена од Чехинката Петра Столбова со 0-2 во рунди.
Ова се нови 3,60 поени за Мила за собирање поени за Лос Анџелес 2028.

„Следни турнири се во Албанија и Црна Гора пред најважниот турнир годинава Светското првенство во Кина од 24-30 октомври, од каде ветуваме медал“, вели тренерот Александар Ефтимов.
Мери Ацевска е прогласена за најдобар судија на турнирот, ова е голем успех за нашите судии.




