
Никола Павловски ја претсави Македонија во поинакво светло на Европскиот сениорски џудо куп во Скопје, покажувајќи дека може да се носи со европската елита. Павловски во категоријата до килограми забележа две победи и два порази и вкупниот пласман го освои 9.место.
Преку репасажот имаше шанса за повисок пласман. Во секој случај, ова е успех за македонското сениорско џудо.
Резултати:
-81 кг
Андреј Чкатровски – Јумбер Мелдаѕе (Грузија) пораз со ипон
Еди Шерифовски – Мухамед Газалоев (Белгија) пораз со вазари
-100 кг
Никола Павловски – Нилс Матсон (Шведска) победа со ипон и јуко
Никола Павловски – Георге Удиаслури (Германија) пораз со вазари
Репасаж
Никола Павловски – Лука Хускивадѕе (Грција) победа со ипон
Никола Павловски – Тим Шмит (Германија) пораз со ипон
-48 кг
Ана Стојмиловска – Леа Халсер (Велика Британија) пораз ипон, вазари и два јукоа



