АктуелноЕвропски првенстваКик бокс

Доделени медалите на Марија Димовска и Лука Змејкоски на ЕП во кик бокс (ФОТО)

Денес свечено беа доделени медалите на Европското кик бокс првенство за млади во Италија, така нашите репрезентативци Лука Змејкоски и Марија Димовска ги примија бронзените медали.

„Марија е минатогодишен светски јуниорски првак и беше фаворит на ова Европско првенство за злато, но не случајно, по волја и влијание на судиите ја загуби борбата во полуфиналето против Турчинката и не успеа да стигне до златото.

Има повеќе аргументи што доведоа до ваков исход на успехот на нашите репрезентативци, но засега да сме задоволни и со бронзите, а причините ќе ги образложиме во друга прилика. Нашите натпреварувачи дадоа се од себе во рингот, иако се враќаме со бронзи, јас сум задоволен од прикажаната борба и пожртвуваноста на сите наши натпреварувачи. Иако беа со крајно низок морал, срушен од деградирачкиот однос на нашето Министерство за спорт, тие се бореа лавовски да дадат се од себе да обезбедат медали за нашата земја“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и додава:

Инаку, извонредни борби покажаа и Андријано Димишковски и Калин Бабоски кои се голема нова надеж меѓу нашите јуниори“.

Митровски изразува голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет за поддршката и помошта за учеството на ова Европско првенство.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON