АктуелноДруги вештиниСамбо

Репрезентацијата во кураш освои 6 медали на Балканското првенство во Аминдео

Репрезентацијата во кураш освои 6 медали – 3 сребрени и 3 бронзени на Балканското првенство во Аминдео, Грција.

Медалите ги освоија:

Јуниори
77 кг Бенјамин Факиќ  – сребрен
55 кг Мусај Беслими – сребрен
60 кг Армин Балота -бронзен

Кадети
65 кг Омер Елези – бронзен
77 кг Дин Ризвановиќ – сребрен
65 кг Амел Факиќ – бронзен

„Златниот медал ни избега за малку, но постигнатиот успех претставува голема мотивација за уште подобри резултати во иднина. Репрезентацијата со ова ја потврди својата сила и квалитет на меѓународната сцена“, велат од Македонската федерација за самбо и кураш и додаваат:

„Во конкуренција со врвни европски и балкански шампиони, нашите натпреварувачи покажаа голема борбеност, дисциплина и спортски дух. Благодарение на нивниот труд и посветеност, Македонија беше претставена на најдобар можен начин.

Федерацијата им честита на сите спортисти и тренери за постигнатиот резултат и се заблагодарува за нивната посветеност и достојно претставување на нашата држава“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON