Тренерот на Мераб Двалишвили: Ќе видите нова, побрутална верзија на шампионот

Главниот тренер на шампионот во бантам категорија на, Мераб Двалишвили, Џон Вуд, вели дека Грузиецот е во врвна форма пред одбраната на титулата против Кори Сандхаген.
„Мераб ќе прави сè што секогаш прави, но многу поинтензивно и подобро од порано“, изјави Вуд за „Хоум оф фајт“. „Не можам ни да објаснам колку подобар станал. Никој не разбира од каде дојде оваа нова верзија на Мераб. Верува во себе повеќе од кога било“.
Според тренерот, Двалишвили повеќе не е само борец со бесконечна брзина и вештини за соборување:
„Сега сака да ги заврши борбите рано. Сака спектакуларни, брутални победи. Ќе ја видите разликата во следната борба“.
Борбата Двалишвили-Сандхаген ќе биде коглавен настан на УФЦ 320 во Лас Вегас на 4-5 октомври.
Главниот настан на истата гала ќе го вклучува долгоочекуваниот реванш меѓу шампионот во полутешка категорија, Магомед Анкалаев и поранешниот шампион Алекс Переира.



