АктуелноБоксПрофесионален

Наоја Инуе по неодамнешната победа договори нов меч, ќе се врати на рингот на 27 декември

Наоја Инуе пред неколку дена на настан во Нагоја со едногласна одлука го победи Узбекистанецот Муроџон Ахмадалиев. За непоразеното јапонско Чуодвиште тоа беше 31-ва победа во кариерата, кој ја одбрани титулата како апсолутен шампион во супер бантам категорија.

Саудискиот боксерски гигант Турки Алалших не губи време. Всушност, „Сезоната во Ријад“ веќе закажа нова борба за Јапонецот. Инуе (31-0, 27 нокаути) на 27 декември во Ријад ќе се бори против Алан Пикасо (32-0-1, 17 нокаути) во главната борба на „Ноќ на самураите“.

На настанот ќе има и борби меѓу Хунто Накатани (31-0, 24 КО) и Себастијан Хернандез (20-0, 18 КО), Кенширо Тераџи (25-2, 16 КО) и Вилибалд Гарсија (23-6-2, 13 КО), Реито Цуцуми (3-0, 2 КО) и Леобардо Кинтана (11-1, 5 КО), и Хајато Цуцуми (8-0, 5 КО), и Џејмс Дикенс (36-5, 15 КО), и Таига Иманага (9-0, 5 КО) и Армандо Мартинез (16-0, 15 КО).

Се очекува спектаклот да биде вовед во голема јапонска пресметка во потенцијална борба меѓу Наоја Инуе и Хунто Накатани следната година. Многу боксерски експерти веруваат дека тоа треба да биде еден од поинтересните натпревари во 2026 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ring Magazine (@ringmagazine)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON