Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП

Лука Змејкоски зaгуби со прекин во полуфинaлето на Европското кик бокс првенство за млади во Јесоло-Венеција, од Гркот Јоаннис Емануилидис.
„Грчкиот натпреварувач не прикажа никаква техника, ниту подготвеност, освен што беше многу потежок и повисок. Таква е категоријата над 81 килограм, може да има голема разлика во килажата и, едноставно, нашиот натпреварувач не можеше да се носи со него“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.
Така, Змејкоски го освои бронзениот медал на ЕП. Ова е прв медал за Македонија на првенството.
Утре Марија Димовска ќе се бори за влез во финалето против Турчинката Рабија Карадаш.
Резултати – Светско првенство:
Лоу кик
+81кг помлади јуниори
Лука Змејкоски – Јоанис Еманулидис (Грција) 0-3 1/2 финале
-60 кг постари јуниори
Марија Димовска – Рабија Карадаш (Турција)



