АктуелноДомашна сценаКарате

Живко Тасевски промовиран во карате мајстор 10 дан црн појас

Момент за паметење и настан за историјата. Македонија го дочека првиот карате мајстор со 10 дан црн појас.

На 20 јуни оваа година во Сутоморе, Црна Гора, во присуство на многу љубители на каратето и со едногласна одлука на сите инструктори кои се членови на највисокото тело во Шотокан академијата на Македонија, таканаречено шиханкаи, председателот на Академијата, сенсеи Живко Тасевски беше промовиран во највисок технички степен во карате-до вештината, 10 дан црн појас, соопштија од Шотокан-рју Казе-ха карате-до академија на Македонија.

„Човекот кој беше дел од државната репрезентација на Југославија во борби и учесник на многу првенства, верен следбеник на легендарниот Таиџи Казе сенсеи, како тренер и селектор на државната репрезентација во кати на Македонија го донесе првиот сениорски медал од сите спортови, 3.место на Европско карате првенство во Шпанија. Државен шампион во апсолутна категорија на Македонија во борби, учесник и организатор на 51 летна Карате школа, од првата во Дојран 1974 до последната во Сутоморе 2025. Тренер и учител на многу шампиони во карате спортот со илјадници медали од државни, балкански, европски и светски натпревари“, истакнуваат од Шотокан-рју Казе-ха карате-до академија на Македонија.

„Човек кој цел свој живот го работи и го живее каратето, како харизматичниот мистер Мијаги од филмот „Карате кид“ со години несебично се трудеше да ни ги открие тајните на веројатно најтешката боречка вештина чии плодови се собираат долги години за да направиш дури и симболичен напредок. Секогаш не мотивираше и не влечеше нагоре и не наградување за нашиот труд. Оваа признание е нашата бескрајно скромна благодарност кон овој голем човек и еден мал гест со кој ние, неговите ученици и пријатели сакаме да возвратиме за несебичната и искрена поддршка која тој ни ја даваше сите овие години. Во име на сите инструктори од Шиханкаи на Шотокан академијата на Македонија уште еднаш му честитам на Живко Тасевски сенсеи за заслужено добиеното признание. На Сертификатот се потпишани сите членови на Шиханкаи:

Живко Аврамов 8 дан
Петар Ристевски 8 дан
Томислав Ивановски 8 дан
Оливер Милорадовски 8 дан
Гоце Андриевски 6 дан
Ѓорѓија Тасевски 4 дан
Илија Димитров 4 дан
Коста Гогов 3 дан

„Ни преостанува да се радуваме на вакви искрени и светли моменти со надеж дека каратето е во вистински раце, првенствено кај луѓе кои го сакаат и го живеат каратето со највисоки хуманистички и пацифистички намери и идеи”,  изјави Оливер Милорадовски еден од повисоките мајстори и членови на Шиханкаи.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON