АктуелноКунг фуМеѓународна сцена

Аманда Нунеш се подготвува за враќање против Кајла Харисон во декември

Поранешната двократна шампионка на УФЦ Аманда Нунеш подготвена да се врати во кафезот и да се соочи со Кајла Харисон во декември, откри нејзиниот тренер и поранешен борец на УФЦ, Дин Томас, во поткастот УФЦ анлимитеред.

„Веќе сме во лабораторијата и работиме на план. Аманда почна да составува тим и да се подготвува. Таа сака да се врати во декември“, рече Томас.

Нунеш немала тренинг камп повеќе од две години, а според Томас, токму недостатокот на активност ја натерал да го забрза процесот:

„Ми рече: „Полудувам, треба да најдам нешто да правам“. Таа е здрава, нема повреди и го организираме нејзиниот живот, нејзиниот камп и нејзиниот тренинг токму сега за да биде што е можно поподготвена“.

УФЦ сè уште официјално не објави никакви борби за распоредот во декември, но враќањето на Лавицата против Харисон би бил еден од најголемите настани кон крајот на 2025 година.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON