АктуелноБоксПрофесионален

Карл Фроч: Време е Вајлдер и Џошуа да се откажат од боксот

Поранешниот светски шампион Карл Фроч верува дека двете најголеми имиња во тешка категорија – Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа – треба да ги завршат своите кариери.

„Не сум заинтересиран повеќе да го гледам Вајлдер, со оглед на тоа што го видов во рингот. Неговата сила на удари се чини дека исчезнала, неговите нозе не се исти и кога почнува да прима удари му станува тешко. Не разбирам зошто борците продолжуваат и го уништуваат своето наследство. Истото важи и за Џошуа. Мислам дека двајцата повеќе не треба да бидат во рингот“, рече Фроч на својот Јутјуб канал.

Во меѓувреме, саудискиот промотор Турки Алалших откри дека работи на мега борба меѓу Тајсон Фјури и Ентони Џошуа

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON