
Македонија обезбеди уште еден медал на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во карате во Варшава, Полска. Викоторија Јовановска (Факултет за туризам и КК Макпетрол) освои бронзен медал, а Јована Мицовска (Свети Кирил и Методиј и Макпетрол) е петта, не успеа во обидите за финале и за бронза.
За жал, и Мила Панчева несреќно не го продолжи подедничкиот од, бидејќи борбата со Романката Анисија Андреи заврши 0-0, па судиите го одлучија победникот.
Досегашниот биланс е две финалиња, една бронза и две петти места (Петар Заборски и Јована Мицовска).

Утре Ангела Мојсовска (Св Кирил и Методиј) и Љупче Михајлов (Гоце Делчев) ќе се борат за златни медали.

Резултати Европски универзитетски борбен шампионат – карате:
-55 кг
Рудина Алиу (Мајка Тереза) – Лусин Бас (Франција) 1-2
Мила Панчева (Гоце Длечев) – Ана Бидјук (Украина) 0-0
Мила Панчева – Селина Фабијан (Германија) 2-0
Мила Панчева – Анисија Андреи (Романија) 0-0
-61 кг
Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3
Репасаж
Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1
За бронза
Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0
Јована Мицовска – Луиса Брет (Германија) 3-2
Јована Мицовска – Нурбаде Бубер (Турција) 3-1
Јована Мицовска – Наз Фатма Јенен (Турција) 2-6
За бронза
Јована Мицовска – Нина Раџеновиќ (Швајцарија) 0-7
Жени кумите тим „Свети Кирил и Методиј“
Македонија – Велика Британија (Универзитет од Нотингем) 2-1
Македонија – Косово (Универзитет Приштина) 1-2



