АктуелноМеѓународна сценаММА

Џони Вокер со прекин во втората рунда го победи Kинезот на настанот на УФЦ во Шангај

Бразилецот Џони Вокер во главната борба на УФЦ Фајт најт 257 во Шангај, со прекин во средината на втората рунда го победи домашниот борец Жанг Мингјанг.

Вокер во втората рунда зададе неколку ниски удари и Кинезот почна да ја губи стабилноста. Жанг се обиде да остане на нозе, но следеше уште еден удар и се најде на подот.

Вокер веднаш го искористи тој момент и од доминатна позиција започна серија силни удари со раце и лакти. Домашниот борец се обиде да се одбрани, но неговата одбрана почна да ослабува и судијата Годард ја прекина борбата.

Ова е прва победа на Вокер по повеќе од две години и негов триумф над Ентони Смит, во меѓувреме имаше поништена борба и пораз против Магомед Анкалаев, а загуби и од Волкан Оездемир.

Ова беше четврта борба на Мингјанг во УФЦ и негов прв пораз. Во април со прекин во првата рунда го победи Ентони Смит.

Во конасловната борба поранешниот шампион Алџамејн Стерлинг доминираше и со убедлива едногласна одлука на судиите го победи Брајан Ортега.

Во единствениот меч во тешка категорија Сергеј Павлович со едногласна одлука на судиите го победи Валдо Кортез-Акоста.

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 257:

Џони Вокер – Жанг Мингјанг – ТКО (удари со нозе и тупаници), Р2 (2:37)
Алџамејн Стерлинг – Брајан Ортега – едногласна одлука на судиите (50–45, 50–45, 50–45)
Сергеј Павлович – Валдо Кортез-Акоста – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Су Мудаерџи – Кевин Борхас – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Тајилаке Нуераџи – Кифер Крозби – ТКО (лакти), Р1 (3:33)

Прелиминарни борби:
Гауг Јанг – Махешате Хајисаер – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Чарлс Џонсон – Лонер Каванаг – нокаут (удар), Р2 (4:35)
Ронг Жу – Остин Хабард – едногласна одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Кајл Даукаус – Мишел Переира – нокаут (удари и лакти), Р1 (0:43)
Ји Жа – Вестин Вилсон – нокаут (удари), Р1 (0:37)
Ју Су-Јанг – Сјао Лонг – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Уран Сатибалдиев – Дијар Нургожај – завршница (езекиел гушење), Р1 (2:45).

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON