
Македонските карате студенти обезбедија две финалиња на Европската универзијада на боречки спортови во Варшава, Полска. Ангела Мојсовска (Свети Кирил и Метдоиј и КК Макпетрол) и Ључе Михајлов ќе се борат за златни медали.
Мојсовска во категоријата до 69 килограми извојува три победи над каратисти од Хрватска, Босна и Херцеговина и Косво, а Михајлов во категоријата до 75 кг славеше четирпати.

Селекторот на универзитетската репрезентација Бошко Заборски е задоволен што се обезбедени две финалиња и се надева дека Мојсовска и Михајлов ќе освојат златни медали оти поседуваат квалитет, а тоа досега многупати го докжажале на европската и светската сцена.
Тој жали што машката екипа нема да се натпреварува, затоа што годинава барањата се сите да бидат од еден универзитет.

„Голем успех за штипскиот и за македонскиот универзитетски спорт, Љупче Михајлов, член на универзитетската репрезентација на Македонија од Универзитетот ,,Гоце Делчев” од Штип и член на Карате клубот” Штип”, велат тренерите Жарко и Сашко Арсовски за финалето на Михајлов на Европскиот универзитетски комбат шампионат, кој во понеделник. Во понеделник ќе се бори за златниот медал.
Петар Заборски се бореше за бронза, но загуби со минимален резултат. На Стефан Стојановиќ победата му е украдена, а Данило Божовиќ забележа победа и пораз.

На на Европската универзијада на боречки спортови во Варшава учествуваат спортисти од 400 униврезитети од 32 држави во четири спортови.
Резултати
-75 кг
Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1
Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0
Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0
Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0
Финале
Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција)
Петар Заборски – Омер Фарук (Турција) 3-7
Репасаж
Петар Заборски – Олександар Чернијаиев (Украина) 2-2
За боронза
Петар Заборски – Џејмс Вокер (Велика Британија) 2-3
-68 кг
Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4
Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3
Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1
Финале
Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово)
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Доминик Бохуницки (Словачка) 3-4
Данило Божовиќ – Самед Гок (Турција) 0-0
Данило Божовиќ – Томас Коса (Словенија) 1-2



