АктуелноБокс

Конор Мек Грегор ќе дебитира во боксот со голи раце

Претседателот на БКФЦ, Дејвид Фелдман, објави дека поранешниот двократен шампион на УФЦ во перо категорија (66 кг) и лесна (70 кг), Конор Мек Грегор, се подготвува за дебито во бокс со голи раце.

Според него, Ирецот ќе се соочи со победникот од борбата меѓу двајца поранешни борци на УФЦ – Џереми Стивенс и Мајк Пери.

„Мојот партнер и пријател Конор Мек Грегор требаше да биде тука денес, но не можеше да дојде бидејќи во моментов е целосно фокусиран на тренингот. Ова е најдобриот Конор Мек Грегор што сум го видел – тренира напорно и е исклучително фокусиран. Ми рече дека победникот од борбата меѓу Џереми Стивенс и Мајк Пери ќе биде неговиот следен противник“, рече Фелдман на прес-конференција во Њу Џерси.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON