
Олимписката шампионка во бокс од Париз 2024 во категоријата до 66 кг, Алжирката Имане Хелиф, ја прекина кариерата на неопределено време. Веста ја објави нејзиниот поранешен тренер и менаџер Насер Јесфах за порталот „Nice-Matin“.
„Таа се откажа од сè. Иман го напушти боксот. По Игрите, таа дури и не почна повторно да тренира“, рече Јесфах.
Келиф влезе во историјата откако ја победи Кинезинката Јан Лиу во финалето на Олимписките игри и му го донесе на Алжир првото злато во женски бокс. Сепак, турнирот не помина без скандал – во осминафиналето, Италијанката Анџела Карини одби да ја продолжи борбата против Хелиф само 46 секунди по почетокот, напуштајќи го рингот со солзи во очите.



