АктуелноБоксПрофесионален

Артур Бетербиев: Тимот на Бивол ja опструира третата битка

Поранешниот светски шампион Артур Бетербиев го обвини тимот на Дмитри Бивол дека го попречил организирањето на третиот меч меѓу двајцата.

„Саудијците немаа никаква врска со тоа. Тие мирно ја предадоа борбата на руските организатори. Јас сум сведок дека беше направено сè што е можно за да се обезбеди третата борба. Но, страната на Бивол направи сè за да се осигура дека ништо не се случи. А потоа го видовте тоа сами – фотографии од паузата, од одделението по операцијата итн.“, изјави Бетербиев за „Шампионат“.

Во првата борба меѓу нив Бетербиев победи на поени, а во втората Бивол се реваншира.

Бивол неодамна беше подложен на операција на грбот, а според неговиот менаџер Вадим Корнилов, трета борба би можела да се одржи во 2026 година.

Во меѓувреме, Бетербиев веќе го има следениот противник – на 22 ноември ќе се соочи со Американецот Дион Николсон.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON