АктуелноБоксПрофесионален

Мозес Итаума откако го нокаутира Дилиен Вајт откри кого го сака за следен противник

Брилијантниот 20-годишен Мозес Итаума уште еднаш докажа зошто многумина го сметаат за иден светски шампион во тешка категорија.

Младата британска ѕвезда на настсан во Ријад со нокаут во првата рунда го победи Дилиен Вајт, во она што многумина го очекуваа како најтешкиот тест во неговата кариера.

Но, веднаш беше јасно дека Мозес е побрз и поагресивен од 37-годишниот ветеран. Итаума доминираше и по неколку одлични комбинации,Вајт беше на подот.

Тоа беше 13-та победа во кариерата за непоразениот Британец и 11-та со нокаут (ги заврши сите противници во првата или втората рунда).

Изненадениот Вајт (31-4, 21 нокаут) не очекуваше толку брзо да го положи оружјето, ова е неговиот четврти пораз во кариерата, откако претходно загуби од Тајсон Фјури, Ентони Џошуа и Александар Поветкин.

Веднаш по мечот, вниманието е насочено кон потенцијалниот следен противник, а тој нагласува дека нема да има ништо против да се бори со апсолутниот шампион Александар Усик.

„Искрено, ќе се борам со секого, не ми е гајле кој ќе дојде пред мене. Некои велат Усик? Но, мислам дека Паркер и Кабајел заслужуваат шанса. Но, ако добијам шанса, зошто да не? Би сакал да ја искористам можноста и да бидам дел од тоа друштво“, рече Мозес Итаума.

Усик ги обедини појасите во тешка категорија по втор пат во јули, откако со нокаут во петтата рунда го победи Даниел Дубоа. Украинецот би можел да се врати во акција до крајот на годината, но сè уште не е познато кој би можел да биде неговиот противник.

Украинецот треба да ги брани титулите против задолжителниот предизвикувач на ВБО, Џозеф Паркер, но неодамна побара продолжување на рокот за преговори поради повреда.

Foto: Leigh Dawney (Queensberry)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON