Промотoрот на Паркер: Борбата со Усик е доведена во прашање поради повреда

Познатиот британски промотор Френк Ворен, кој го застапува привремениот шампион во тешка категорија на ВБО, Џозеф Паркер, откри дека апсолутниот светски шампион Александар Усик се повредил и побарал продолжување на рокот за преговори за борба меѓу нив.
„Вчера Усик испрати писмо во кое бара да му се даде малку повеќе време поради повреда. Чекаме да видиме што ќе се случи. Тој или ќе се откаже од титулата или ќе влезе во рингот против Џозеф.
Каков и да е резултатот, Паркер или ќе се бори како шампион на ВБО ако Усик се откаже од појасот, или ќе се соочи со него за титулата.
Постои уште една опција – ако борбата меѓу Усик и Паркер не се одржи, Џозеф ќе мора да се бори за статус на задолжителен предизвикувач против победникот од судирот меѓу Мозес Итаума и Дилиен Вајт“, изјави Ворен за Скај спорт.



