БоксПрофесионален

Канело Алварез стана татко по петти пат

35-годишниот неприкосновен светски шампион во супер средна категорија, Сол Алварез-Канело, објави на социјалните мрежи дека станал татко на ќерка по име Ева Викторија.

Алварез веќе има четири деца – три ќерки и еден син – со четири различни жени. Неговата прва ќерка, Емили Синамон, се родила кога боксерот имал само 17 години. Втората е со моделот Валерија Кирос, позната и по нејзината претходна врска со нарко-босот Хоакин Гузман-Ел Чапо.

Третото дете, синот Сол Адиел, се појавува неколку месеци пред четвртото – ќерката Марија Фернанда, родена од сопругата на Алварез, Фернанда Гомез, која е и мајка на новороденото дете Ева Викторија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON