
Вардар ќе учествува со 15 борачки и боачи на Меѓународниот турнир на Црвена ѕвезда во Белград, што се одржува денес и утре.
За Вардар ќе настапат:
Деца – жени
30 кг Јована Нисева
30 кг Софија Костанова
31 кг Вероника Зафирова
31 кг Јана Илиева
У-15
62 кг Марија Нисева
68 Анстасија Трајчева
У-15 слободен стил
62 кг Џан Салиов
У-20
53 кг Леа Стојовска
У-23
65 кг Земри Авдили
74 кг Стефан Зашков
86 кг Реџеп Таири
97 кг Кирил Малцев
97 кг Марко Поповиќ
125 кг Марко Топузовски
125 кг Мухамед Таири

Екипата ја предводат тренерите Штерјо Митров, Горан Андонов и Благоја Пандовски.
Да потсетиме, минатата година Анастасија Трајчева беше прогласена за најдобра борачка на турнирот и го понесе трофејот Големо мече .



