АктуелноМеѓународна сценаММА

Рајнер де Ридер го одби предизвикот на Коста: Не мислам дека е на мое ниво

Рајнер де Ридер нема намера да се бори со Пауло Коста – барем не сега.

Бразилецот (15-4 ММА, 7-4 УФЦ) го критикуваше Де Ридер по неговата победа со поделена одлука над Роберт Витакер во главната борба на УФЦ на АБЦ 9 во Абу Даби. И покрај тоа што беше нокаутиран во третата рунда, Холанѓанецот успеа да ја сврти борбата и да ја забележи четвртата последователна победа во УФЦ.

„Со сето должно почитување – ќе го нокаутирав Де Ридер три пати, без разлика во која рунда. Беше лоша борба, но сепак – честитки за победата“, напиша Коста на социјалните медиуми.

Кратко потоа, на платформата X се појавипрофил што изгледаше како официјален профил на Де Ридер, предизвикувајќи го Коста на борба во ноември во Медисон сквер гарден. Сепак, профилот се покажа како лажен, како што потврди неговиот менаџер Али Абделазиз.

„Искрено, мислам дека самиот Коста стоеше зад тој лажен профил. Веројатно ги води и двете“, се пошегува Де Ридер во интервју за Инсајд фајтинг.

Откако ја прекина серијата од два порази со победа над Роман Копилов на УФЦ 318, Коста се чини дека бара уште една голема борба. Но, Де Ридер (21-2 ММА, 4-0 УФЦ) има цел да се бори за титулата.

„Тој е забавен човек. Сигурен сум дека ќе имаме одлична прес-конференција и одлично шоу, но навистина не ме интересира што зборува“, рече тој. „Може да ме вика како што сака. Нема проблем, не ме интересира. Можеби еден ден ќе се сретнеме. Но, во моментов не мислам дека е на мое ниво. Да, имаше силна борба минатиот пат – добар е против левоноги, особено со ударите со нога и со десната рака. Но, сè уште има многу да се надополни“.

Засега, холандскиот борец се чини дека е цврсто фокусиран на појасот, а не на предизвиците со висок профил на Пауло Коста.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON