Во Отешево се одржа 54. Летен спортско-образовен вадо карате камп

Во почетокот на јули во Отешево се одржа 54. Летен спортско-образовен вадо карате камп кој ја продолжува тредицијата на летни карате обуки.
„Оваа година овој најстар настан во Македонија се одржа во убавиот амбиент на Отешево. Хотелот Лејквју / Преспав и околината ги овозможи сите услови за да се реализира во кампот.

Учествуваа вкупно дваесет каратисти, но да потсетиме дека на истиот присуствуваше и карате мајсторот Евстратијос – Страте Турунидов во својство на набљудувач и укажувач на неправилности кај каратистите.
На крајот од семинарот се одржа полагање за повисоки појаси.
Кандидатите ги исполнија бараните критериуми и се стекнаа со повисоки звања на база на совладаните карате техники.

Задоволството од севкупниот амбиент и престој во Отешево, беше искажано од сите присутни и родителите на каратистите со желба за учество на кампот и во наредната година“, вели карате мајсторот Димче Јановски и тренер на КК Аеродром..



