АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Македонската таеквондо репрезентација е на висински подготовки во Крушево

Македонските репрезентативци во олимписко таеквондо се на висински подготовки во Крушево.

Подготовките се под водство на селекторот и претседател на МТФ д-р Борче Костовски и помошник селекторот Иван Крстевски.

Македонската таеквондо федерација (МТФ) во целост ги покрива летните висински подготовки.

„МТФ обезбедува највисоки услови за репрезентативците, олимпиското таеквондо е водечки индивидуален спорт во Македонија, резултатски секако но и организационо.

Следни високи цели се медали од официјални турнири, ЕП, СП и набрзо од европските Олимписки игри за млади кои ќе се одржат во Скопје“, велат од МТФ.

Фото: МТФ

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON