АктуелноМеѓународна сценаММА

Џон Џонс ги избра четиримината најдобри ММА борци на сите времиња

Актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ Џон Џонс е сигурно еден од најдобрите MMA борци во историјата.

Шампионот во две категории има 28 победи во кариерата и има само еден пораз (беше дисквалификуван во 2009 година во меч против Мет Хамил), а има и една борба откажана во јули 2017 година против Даниел Кормиер.

Боунс ја имаше последната борба во ноември минатата година кога со прекин во третата рунда на УФЦ 309 го победи Стипе Миочиќ.

Во тој меч го одбрани појасот во тешка категорија, по што многумина се надеваа дека Том Аспинал конечно ќе може да добие шанса да се бори за титулата, но потврда за таа борба сè уште се чека.

Во неодамнешното интервју со Вик Блендс на неговиот Јутјуб канал, американската легенда во фристајл ги избра четирите најдобри MMA борци во историјата.

„Четирите најдобри борци се: Деметриус Џонсон, Андерсон Силва, Жорж Сен-Пјер и јас. Направивме навистина одлични работи во овој спорт“, нагласи Џон Џонс.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON