АктуелноДомашна сценаКарате

ЕКСКЛУЗИВНА СОРАБОТКА: Милошевски маршал артс е избран од Сони пикчерс за промоција на новиот филм „Карате кид“!

Во ретка и престижна чест, Сони пикчерс официјално го одбра доџото на Милошевски маршал артс (ММА),  предводено од македонскиот карате сенсеи Дејан Милошевски, за ексклузивна маркетинг соработка за светската премиера на новиот филм Карате кид: Леџендс.

„Како дел од оваа уникатна иницијатива, доџото доби оригинални Карате кид постери и традиционални хајчимак(и) ленти директно од Сони пикчерс, што предизвика огромен ентузијазам кај младите каратисти. Тренингот беше тематски осмислен, инспириран од духот на филмот, со легендарни карате техники, креативни игри и незаборавни фотографии што ја доловија енергијата на настанот. Промоцијата беше исполнета со страст, насмевки и вистинска карате енергија, создавајќи моменти за паметење.

Овој настан беше вистинска прослава на карате културата, дополнително зајакната со поддршката од УСА Карате и Светската карате федерација (ВКФ), кои на премиерата во Њујорк ги одликуваа главните актери Џеки Чен и Ралф Мачио со почесни црни појаси, симболично поврзувајќи го филмскиот свет со вистинските херои на доџото.

Ова не беше само тренинг – децата го живееја каратето! Оваа соработка со Сони пикчес е доказ дека со срце, визија и цврсти корени, од Македонија до светската сцена, можеме да инспирираме цела генерација“, вели сенсеи Дејан Милошевски и додава:

„Карате не е само борба за победа, туку пат кон баланс и мир – две гранки на едно дрво“.

Оваа соработка го става Милошевски маршал артс во центарот на вниманието, истакнувајќи ја моќта на каратето да обединува, инспирира и создава мостови меѓу културите. Честитки за овој историски момент за македонското карате во САД!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON