АктуелноДомашна сценаКарате

Каратистите ги носат медалите со расипан автобус во Албанија, нема крај на неволјите

Како што објавивме Македонија на Балканското првенство за деца во Бар, Црна Гора, освои 8 медали – 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени. А може да речеме и херојски меали, бидејќи ги пратат многу пехови.

Имено, на тренувањето од кај СЦ „Борис Трајковски“ за Бар автобусот не тргнал навреме во 24:00 часот бидејќи се расипало тркалото, или како што велеа родителите, се откачило, односно пукнала полуосвина. По речиси три часа чекање дошол нов автобус, видно несреден.

А вечерва, на враќање од Црна Гора, нова неволја, се расипал еден од автобусите, а децата се заглавени во Албанија на граница. Родителите велат дека децата се гладни и изморени.

Од друга страна, како што објавивме претходно, за хотелско сместување децата, односно родителите, платија 60 евра по дете на ден, а условите лоши. Од фотогрфаиите што ги добивме се забележуваше мувла на ѕидовите, нечиста постелнина по која има инсекти.

Родителите се исклучително загрижени бидејќи голем дел од младите каратисти останале без батерии на нивните телефони. Родителите гневни прашуваат каква е оваа држава која дозволува нејзината иднина, младите спортисти да патуваат со небезбедни и неисправни автобуси? Поради сето ова барата оставка од претседателот на Карате федерацијата на Македонија.

Тие потсетуваат дека и лани имало проблеми со автобусот на враќање од Турција. Тогаш родителите оделе со сопстевни возила да ги донесат девата дома, и, како што вели еден родител: „Имав среќа што не ме сопре полиција во Грција. Возев седум деца во колата“.

Ние ќе потсетиме дека и пред неколку години имаше проблеми со патувањето во Црна Гора.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON