Македонија освои 8 медали на Балканското карате првенство за деца во Бар

Македонија го завршува Балканското карате првенство за деца во Бар, Црна Гора, со 8 медали – 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.
Денес со медали се закитија:
ката тимот жени 12-13 години – сребрен и Азем Аземи во борби до 40 кг, 13 години – златен
Вчера медалите ги освоија:
Златни
Александар Петровски 30 кг 10 години
Сара Маудини 45 кг 12 години
Иса Селими 37 кг 12 години
Бронзени
Софиа Топалоска 34 кг 10 години
Ајан Муареми 37 кг 12 години
Тома Петров 52 кг 12 години
Се надеваме дека утре билансот ќе биде подобрен.
Во вкупниот пласман Црна Гора е прва со освоени 41 медал – 15 златни, 8 сребрени и 18 бронзени, следи Турција со 55 (14-11-30), трета е Србија 31 (8-7-16), па Хрватска 24 (6-6-12), Босна и Херцеговина 32 (4-12-16), Македонија 8 (4-1-3), Грција 19 (3-4-12), Бугарија 10 (2-6-2), Косово 6 (1-1-4), Албанија 1 (1-0-0), Словенија 3 (0-1-2) и Романија 2 (0-1-1).



