Александар Усик на 19 јули на Вембли ќе се обиде повторно да ги обедини шампионските појаси во тешка категорија, откако пред една година за прв пат стана неоспорен шампион во кралската дивизија, победувајќи го Тајсон Фјури.
Непоразениот Украинец и сопственик на титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО ќе се бори во реваншот против британскиот шампион во тешка категорија и шампион на ИБФ, Даниел Дубоа.
Усик е поранешен освојувач на златен олимписки медал во 2012 година во Лондон, но и поранешен апсолутен шампион во полутешка категоријата. Откако ја исчисти конкуренцијата, се пресели во тешка категорија, каде што ја продолжи победничката серија.
Ги победи Чаз Витерспун и Дерек Чисора, а потоа во септември 2021 година ги освои светските титули на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО со победа против Ентони Џошуа.
Го победи Еј-Џеј во реваншот, а потоа ги одбрани појасите против Дерек Чисора. Го победи Тајсон Фјури двапати во мај и декември 2024 година, а сега има реванш против Дубоа.
Неодамна, Усик беше прашан кои две борби му биле најтешки во кариерата, а тој се согласи дека тоа биле средбите против Дел Бој и „Џипси Кинг“.
„Мислам дека тоа беше мечот против Дерек Чисора и првата борба со Тајсон Фјури“, рече Александар Усик.
Многумина тврдат дека Даниел Дубоа во август 2023 година бил најголемиот тест во неговата кариера, бидејќи тој е единствениот борец кој го нокаутирал Украинецот.
Сепак, ударот што Дубоа го зададе во телото на Усик судијата го окарактеризира како низок удар, и му даде на украинскиот борец неколку минути да се опорави.
Ова може да биде дел од мотивацијата на Усик пред реваншот против Дубоа, но и за Даниел, кој доби можност повторно да се обиде и да се докаже во мечот со Украинецот.