Прв медал за Карате клубот Идризи на државно првенство

Вчера се одржа Државното карате првенство за деца во Скопје, покрај многуте освојувачи на медали се најде и најмладиот Карате клуб Идризи.

По само три месеци работа го имаше дебито на некој натпревар. Каратистката Хабибе Љата го освои сребрениот медал во категорија деца до13 години +54 кг. Таа имаше три извонредни борби и заслужено го освои сребрениот медал и се запиша во историјата на клубот како прва медалистка.

Тренетот Абдурахим Идризи – кој воедно е и единствен ВКФ медалист и во кати и во кумите, е задоволен од настапот на натпреварувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON